Масовна тепачка се случила вчера во селото Ранковце.

Како што соопшти полицијата, вчера во 18,30 часот било пријавено дека во село Ранковце, на место викано “Млин“, дошло до меѓусебна пресметка помеѓу М.Б.(33) од една страна и О.П.(23), Е.П.(20) и уште едно 17 годишно лице од друга страна сите од с.Ранковце.

 По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.