На обиколницата „Пријателство“, во близина на клучката за Приштина, синоќа се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген пасат“ управуван од З.К.(38) од Скопје и автомобил „рено“ управуван од Ј.Ј.(24) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „реното“, Љ.Ј.(24) од Скопје, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax