Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент, од кои 16 од Скопје, тројца од Куманово и двајца од Штип, при што сите се лекуваале во домашни услови.

Во последните 24 часа починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести починала пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во болницата „8 Септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус. Од кои најмногу во Куманово – 9, по двајца во Скопје, Штип и Тетово и по еден случај во Велес, Гостивар и Пехчево.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.225, од кои досега излекувани се 200.

Бројот на регистрирани случаи накоронавирус по градови изгледа вака:

Скопје – 411
Куманово – 338
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –117
Тетово – 57
Струга – 55
Велес – 59
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 27
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1

 

извор: Makfax