Тројца кандидати за клупата на Барселона
12-08-2020
Раководството на Барселона веќе има подготвено листа со кандидати на клупата доколку ја раскине соработката со Кике Сетиен.
Актуелниот тренер го замине Ернесто Валверде, но разочара. Ја изгуби титулата во Шпанија, а тимот игра очајно и веќе почна да се зборува за негово заминување.
Ова ќе се случи доколку Барселона не успее да ја освои Лигата на шампиони, а ако се суди според пишувањата на шпанските медиуми, раководството веќе има на ум тројца кандидати.
Станува збор за Маурицио Покетино, Марсело Галардо и Гарсија Пимиента, па затоа може лесно да се случи некој од нив да стане нов шеф на Лионел Меси и соиграчите.
Сетиен ќе се спаси само ако ја освои ЛШ, но тоа ќе биде штеко бидејќи во четвртфиналето ќе игра против Баерн Минхен.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата