Три лица се повредени во напад со мачета во болница во источен Лондон, по ѓто била повикана полиција која уапсила едно лице, пренесува РТ.

Полицијата засега тврди дека инцидентот не бил поврзан со тероризам.

„Ние сме присутни и информирани за инцидентот во здравствениот центар „Сент Стивен“. Се справуваме со тоа и еден маж е уапсен “.

Полицијата регистрирала тројца избодени во нападот кои биле хоспитализирани, а кордоните остануваат на местото на нападот додека трае истрагата.

извор: Makfax