Неприлагодена брзина спрема условите на патот, непочитување на сообра- ќајните правила, биле доволна причина за време на викендот на патиштата во државава да се случат петнаесет сообраќ ајни незгоди. Во евидентираните сообраќајки три лица го загубија животот. Во Скопје, на улицата “Црногорска” во петокот околу 14,50 часот дошло до судир на автомобил “лада нива” управувана од Р.Х. (25) и мотоцикл “томос” управуван од Драги А. (49) Од судирот и од падот на коловозот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Драги А. којшто иако му била укажана медицинска помош, час подоцна како резултат на стекнатите повреди, починал во Клинич киот центар во Скопје. Триесетина минути по полноќ, во саботата, на регионалниот пат Струмица-Берово кај Петралинци се слу- чи сообраќајна незгода. Критичното време дошло до судир на товарно возило “Там 60” управуван од струмич анецот Г.Г. (24) и запреж на кола управувана од Томе Т. (57) од Дабиља, Струмичко. На самото место на несреќата починал Томе Т. По извршениот увид што во пруство на заменик јавен обвинител и истражен судија од струмичкиот Основен суд го направила полицијата било констатирано дека до судирот дошло поради неприлагодена брзина со која се движел камионот. Во саботата попладнето, околу 14,30 часот, во близина на надвозникот кај Маџари, четириесет и деветгодишниот С.Л. од Куманово управувајќ и автомобил “голф” ја загубил контролата над управувач от и излетал од патот. Во несреќата со потешко повредени се сопатниците Е.М. (20), Е.Д. (28) и Јадранка Ј. (44) која што на пат кон болницата им подлегнала на повредите. (К.Ѓ.)