ТРОЈНИ ДОГОВОРИ ЗА ОТКУП НА ТУТУНОТ
На 12-те ваги во сите откупни станици во Тутунскиот комбинат – Прилеп, годинава, ќе се откупат меѓу четири и пет илјади тони тутун. Парите за откуп, според зборовите на генералниот директор Тони Мијацков, се обезбедени. Секој тутунопроизводител ќе може да ги подигне на штедна книшка на седмиот ден од предавањето на тутунот. Сепак, почетокот на откупот е неизвесен. Тутунарите сакаат “жолтото злато” да почне да се мери во декември, но Здружението на тутунопроизводителите смета дека откупот на тутунот нема да почне во почетокот на декември, бидејќ и законските услови за негово реализирање с&”238; уште не биле исполнети. – Кон средината на овој месец, претставниците од тутунското стопанство треба да одржат седница во Стопанската комора на која ќе се дефинира терминот за старт на откупот – ни рече секретарот на Тутунското здружение, Томе Петрушевски, додавајќи дека просечната откупна цена на годинашниот тутун не треба да биде пониска од 130 денари за килограм. Но, проблемите со тутунопроизводителите, најверојатно, ќе кулминираат кога ќе почне откупот. Тоа е поради фактот што Земјоделската инспекција пронашла над две илјади двојни и тројни договори, односно за иста површина тутун се склучени договори со два или три откупувачи, што е спротивно на Законот за тутун. – Не ја оправдуваме таа навика да се склучуваат двојни или тројни договори. Владее беспарица и тутунопроизводителите се плашат да не бидат изиграни. Минатата година “Тутунскиот комбинат” од Прилеп ни даде јасен сигнал дека може да го откупи тутунот, но годинава се огласи дека пари за откуп на 4-5 илјади тони се обезбедени. Мислам дека, на крај, с&”238; ќе помине во најдобар ред и хаосот полека ќе го снема пред откупните ваги – ни рече претседателот на Регионалното здружение “Клас”, Перо Стојковски. (А.Т.)