Најстариот трофеј во англискиот фудбал на аукција во Лондон е продаден за 478.000 фунти, што е рекордна сума платена за некој фудбалски сувенир. Сребрениот трофеј на ФА купот, направен во 1896 година како замена за украдениот оргинал е купена од неидентификувана личност на лицитацијата во аукциската куќа “Кристи”. Досегашниот рекорд за најскап фудбалски сувенир го држеше копијата на пехарот на Жил Риме за освојувачите на Светските првенства, што во 1997 година беше продаден за 254.500 фунти. Англискиот национален куп е најстарото натпреварување на планетата, а во неговата 133-годишна историја се користени 4 трофеи. Од 1872 до 1895 година бил предаван украдениот пехар, а до 1911 се користел “рекордниот” трофеј, кој подоцна му бил подарен на долгогодишниот претседател на ФА лордот Кинерди. Во следните 80 години е предаван третиот пехар, а четвртиот, кој е копија на претходниот, денеска во Кардиф ќе му биде предаден на победникот на дуелот Арсенал – Манчестер Ј.