Руските власти во регионот Мурманск прогласија тродневна жалост поради авионската несреќа, што се случи вчера на аеродромот Шереметјево, а во која загина 41 човек.

„Прогласена е тродневна жалост во Мурманск“ порача вршителот на должност на овој регион, Андреј Чибис, пренесе ТАС С.

Во авионот, кој се запали при слетувањето на московскиот аеродром Шереметјево, имаше 78 патници и членови на екипаж. Меѓу 37 преживеани се и четворица членови на екипажот. Утрово од Министерството за здравство соопштија дека шестмина патници се хоспитализирани.

Истражителите од Рускиот истражен комитет спроведоа истрага на аеродромот, за да ги утврдат причините за несреќата. На аеродромот е формиран центар за пружање психолошка помош на семејствата на загинатите патници и на преживеаните.

Патничкиот авион „Сухој Суперџет 100“ на компанијата Аеродлот, со 73 патници и пет членови на екипаж, полета од Москва кон Мурманск, но поради технички проблеми набрзо се врати и се запали при обидот принудно да слета на Шереметјево.

извор: Makfax