Заради затворените граници како последица од пандемијата на корона вирусот, инженерката Ибелисе, не успеала последен пат да го гушне својот сега веќе починат татко. Добила идеја да направи кукла, односно меченце од неговата омилена кошула за така да може барем некако да го гушка и има близу до себе. Идејата ја нарекла „Уште сум со тебе“, која брзо станала мошне популарна, а таа добила полни раце работа.