Папараците секогаш имаат полни раце работа околу поранешната тенисерка, која не се срами јавно да ја покажува својата љубов кон Енрике Иглезијас. На мексиканската плажа Ана повторно во мини бикини се тркала врз него, уште еднаш негирајќи ги гласините дека нивната врска е при крај. Очигледно на Курникова воопшто не и пречи изјавата на нејзиниот вереник дека не сака да се фотографира гол за омотот на новиот албум бидејќи има мала машкост. Ана која изгуби голем број спонзори се уште има огромен број обожаватели, а таблоидите не го губат интересот по нејзините фотографии.