Хашкиот трибунал го осуди хрватскиот слободен новинар Домагој Маргетиќ на три месеци затвор и парична казна од 10.000 евра затоа што минатата година ги објави имињата на заштитените сведоци од судењето против генерал Тихомир Блакшиќ од 1997 година. Судскиот совет го прогласи Маргетиќ за виновен поради непочитување на судот и заклучи дека комбинација од затворска и парична казна е приемерна на стореното дело. Советот наложи Маргетиќ веднаш да биде испратен на издржување на затворската казна.