Три Македонки во големото финале
Милена Младеновска од Скопје е победничка на првата полуфинална вечер од изборот на Мис Балкан, кој петокот се одржа во Нови Сад. Милена за победата доби златен ѓердан во вредност од 1500 евра и летување за двајца. Патем таа заедно со уште Ивана Стојановска(18) од Струга, која ја освои титулата Мис шарм и Александра Гериќ(18) од Охрид, (сите три членови на модното студио “Црнокрак”) успееја да обезбедат учество на финалниот избор, кој кон крајот на месецов ќе се одржи во Белград.