Несреќата, информираат од МВР, се случила меѓу автомобил „Фиат Пунто” управуван од 27 годишниот К.Г. и „Пасат” кој го управувал А.Д. (51).

Во истата со тешки повреди се здобиле К.Г. и сопатничката А.С. (39) кои им биле констатирани во ГОБ „8-ми Септември” каде се задржани на лекување. На возачот на Пасат е полесно повреден и по укажаната лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски” е пуштен на домашно лекување.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.