Хао Коело Гимерас има 45 години и три години поминал на улица, без кров над главата и пристоен оброк. Неговата среќа се сменила кога еден бербер му понудил средување на косата и брадата.

„Го прашав дали е гладен и дали сака нешто да јаде. Одни храна и замоли да добие еден жилет да се избриќи. Вработените дојдоа на идеја да му помогнеме на поинаков начин и ние да го разубавиме“, рекол Алесандро, сопственик на берберница.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by P A D O O (@padoooficial)

Вработените не само што му ја средиле косата, туку и му обезбедиле услови да се истушира. Но она што не го знаеле е дека со објавата на неговата трансформација на социјалните мрежи всушност ќе го шокираат неговото семејство кое 10 години мислело дека е мртов.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by P A D O O (@padoooficial)

Откако фотографијата со трансформацијата на Хао станала популарна на Инстаграм, неговото семејство останало во шок. На фотографијата го препознала неговата сестра Марија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by P A D O O (@padoooficial)

Но, иако сопствениците на берберницата организирале средба со неговата сестра, тој бил среќен што ја гледа но не сакал да живее кај неа, бидејќи, како што рекол, на улица се чувствува слободно.