ТРИ ВЕЛЕДРОГЕРИИ МОЖАТ ДА ГО “ЛАПНАТ” ЗДРАВСТВОТО РИСТЕ НЕДАНОВСКИ
И покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување со средствата што ги прибира го покрива тековното работење и за првпат по подолго време не ги зголемува долговите, проблемот со старите долгови останува отворен. Фондовските обврски тежат околу 26 милиони евра, а оние на здравствените организации се безмалку двојно поглеми – над 45 милиони евра. Пра- шањето кој и како ќе ги покрие, како што објаснува првиот фондовец д-р Никола Пановски, е отворено иако Фондот укажа на сериозноста на овој проблем уште пред две години. Тој предупредува на катастрофалните последици што би можеле да уследат. “Кога не би се карале, односно кога би се здру- жиле, три-четири веледрогерии би можеле едноставно да ги преземат здравствените организации, и на неопределно време да го блокираат јавниот здравствен сектор. Не знам како би реагирала државата, но јас како директор на Фондот не гледам подготвеност за одговор, за реакција на таквата ситуација”, објаснува Пановски, посочувајќи на опасноста од барањата за судска наплата, а со тоа и за блокада на здравствените организации. Такво нешто, можеби, не може да му се случи на Фондот, но има здравствени домови и медиицнски центри кои како самостојни правни субјекти, едноставно не се во кондиција да ги намират сопствените долгови. ”Има центри кои должат и по 150 милиони денари, а приходот од партиципацијата им изнесува едвај два милиона. Фондот им префрла уште по три- четри милиони месечно. Но, со тој буџет тие не мо- жат да преживеат од први до први, не можат да го покријат тековното работење, а не да ги враќаат старите долгови”, потенцира Пановски. Тој јасно става до знаење дека добар дел од тие стари побарувања се нејасни, дека она што е набавено не е влегува во пакетот што се покрива со здравственото осигурување, дека некои влегувале во непотребни мегаломански инвестиции… Но, цехот е направен, а рецептот за неговото расчистување се уште не е дефиниран. Според многу симптоми, ваквите долгови се и причината поради која се доцни со зацртаната поделба на медицинските центри што требаш е да биде ковертирана заклучно со септември. “Тековното работење го покриваме и покрај тоа што од државниот Буџет за првпат не ни беа префрлени пари. Тоа е резултат на заштедите од симнувањето на цените на лековите, намалувањето на бројот на вработените… Меѓутоа, во услови кога Фондот покрива најголем дел од обврските на државата за превентивните програми (од проектираните 20 милиони прек у државниот Буџет се алиментирани само шест милиони), тешко може да се влезе во расчистувањето на старите долгови”, посо- чува првиот фондовец. Според Пановски, пресметките укажуваат дека ако државата го преземе поголемиот дел од обврските за програмите и ако медицнскиот сектор се ослободи од ДДВ, долговите на Фондот би можеле да се расчистат за 1 до 1,5 година. Со тоа би се ослободиле и дополнителни средства кои би се пренасочувале и кон здравствените организации, така што за три-четири години и тие би можеле да се “ослободат” од т. н. “чисти” стари обврски, оние за кои има документација.