x

Тричко погодува, АЕК Ларнака победува (ВИДЕО)

trickovski-aek-2020

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски со својот трет првенствен погодок успеа да и ја обезбеди третата победа на својата екипа АЕК Ларнака во петтиот сезонски настап во кипарскиот шампионат.

Нашиот голгетер беше дел од триото македонски интернационалци во АЕК Ларнака кои го почнаа мечот против екипата на АЕЛ Лимасол, а со неговиот погодок во 68. минута, АЕК Ларнака поведе со 2:1 што се покажа како клучен гол во победата на домашните.

Мојсов и Спировски исто така беа стартери кај домашните, со тоа што Сипировски одигра само едно полувреме.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата