x

Тричковски: Мотивацијата, силата и атмосферата се нашето најсилно оружје

trickovski-press

Од Никозија, Кипар – Огнен Дојчиновски

Капитенот на Македонија Иван Тричковски, очекува победа. Тој напомена што е најсилното оружје на оваа репрезентација која треба да ја донесе победа.

„Мотивацијата, силата и добрата атмосфера е најсилно оружје на оваа репрезентација. Сите сме подготвени и мотивирани за мечот. Ова е важен натпревар за нас“, рече Тричковски.

Тричко ќе игра на познат терен, на стадионот „ГСП“ каде играше за АПОЕЛ, а и сега игра на Кипар и гостува на истиот терен против Омонија и АПОЕЛ.

„Теренот е познат, но штета е што ќе играме без публика. Наоѓаме начин како да се мотивираме во овие услови кога играме пред празни трибини“, вели Тричковски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата