Лагата од секогаш им била силна страна на СДСМ. Тутунарите не се задоволни од откупот на тутун во изминативе три години. Прва класа се продава како втора, а втора како трета, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски.

На крајот на последната сезона не беше откупен целиот тутун, иако СДСМ се фалеше. Тутунарите во радовишко останаа со неоткупен тутунот. Оваа година тутунарите повторно се оставени на милост и немилост. Откупувачите не склучуваат договори со нив. Тутунот е само една од маките на земјоделците. Сточарите овој период останаа со неоткупено јагне и до 50% од нивните капацитети, а зелката се изора во нивите, затоа што земјоделците немаат економска логика да ја продаваат. Сликата во земјоделството е мачна, кога ќе се тргнат розевите наочари на Заев и луѓето околу него. Лагите не поминуваат, додава Трипуновски.