Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска добил писмо од страна на Ловечката федерација на Македонија.

Денеска добив писмо од страна на Ловечката федерација на Македонија, во кое тие нотираат поголем број на барања, кои ги очекуваат од идната власт.
Внимателно го прочитав писмото и нивните барања ги анализирав, и со сигурност можам да кажам дека во нас ќе имаат стабилен партнер со кој ќе можат да ги разговараат сите нивни барања, по што заеднички ќе дојдеме до решение.
Во мене и во ВМРО-ДПМНЕ Ловечката федерација ќе има пријател, партнер и сојузник, стои во неговиот пост на Фејсбук.