x

Трипл-дабл на Јокиќ, Голден Стејт конечно победи (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар. Во триумфот на Денвер против Минесота (109-100) запиша трпл-бдал од 22 поени, 10 скока и исто толку асистенции. Џамал Мареј беше прв стрелец со 28 поени, на другата страна Вигинс запиша 19 поени.

Голден Стејт конечно успеа да дојде до победа, на домашен терен беше подобар од Њу Орлеанс со 106-102 во дуелот на двете последнопласирани екипи во Западната конференција. Расел со 25 поени го водеше својот тим до триумф.

Ова беше само шеста победа за Вориорс оваа сезона, кои се последни на табелата.

Резултати: Кливленд – Мемфис 114-107, Индијана – Сакраменто 119-105, Бостон – Детроит 114-93, Торонто – Вашингтон 122-118, Мајами – Њујорк 129-114, Оклахома – Феникс 126-108, Филаделфија – Далас 98-117, Денвер – Минесота 109-100, Портланд – Орландо 118-103, Голден Стејт – Њу Орлеанс 106-102.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата