Тие сакаат да доцните – некои трикови што прават се за да поминуваме повеќе време на аеродромите. Само уште еден час одмор на аеродромот значи приближно 7 евра поголема заработка по лице, откриваат аналитичарите.

Од осветлување до архитектура, ништо не е случајно на аеродромите – тие се дизајнирани да влијаат на однесувањето и расположението. Без разлика дали патниците ќе се релаксираат, тие сигурно ќе стигнат до својот излез навреме, и ако е можно, да купат што е можно повеќе на патот.

Поглед на пистата

Тајната на добриот аеродром е во едноставната навигација по ходниците, така што патниците не лутаат. Ако ја видат пистата, ќе ви биде полесно да се движите, поради што големите стаклени sидови се доста чест дел од архитектурата на  аеродромот. Новите аеродроми имаат поглед на пистата и авионите веднаш по безбедносната проверка, а на некои места и порано.

Доволно сонце

Новите аеродроми имаат што повеќе прозорци и стаклени површини, дури и во продавниците. Причината за тоа е фактот дека патниците избегнуваат темни простори и попрво ќе заглават помеѓу добро осветлени полици.

Се гледаме покрај скулптурата?

Големите скулптури на аеродромите се најдобриот лек против стерилната средина на бетон, стакло и челик. Но, уметничките дела не зафаќаат простор само за разубавување на ентериерите. Архитектите ги вметнаа во просторот за да им се олесни навигацијата на патниците.

Големите скулптури се одличен белег, место за средба, но и украс што ги охрабрува луѓето да се чувствуваат пријатно, а со тоа и да трошат пари во продавниците.

Теписите кои покриваат ладни подови во некои делови ја имаат истата улога.