Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кој ја поддржува оваа иницијатива, ги посети и разговараше со крводарителите и медицинските екипи. Тој ја истакна важноста од организирање вакви акции бидејќи, како што рече, секоја капка крв е драгоцена и од голема важност за да се спаси нечиј живот.

– Оваа акција ќе му помогне на Црвениот крст да ја прошири мрежата на дарители и во секое време да има доволно резерви на крв за идните побарувања, рече Трајковски.