Британската “ITV” подготви навистина спектакуларен проект, чија премиера ќе се случи идната сабота. Станува збор за шоу-програма “Борење на славните” што ќе се емитува во текот на шест недели, каде што познати ѕвезди од шоу-бизнисот ќе се борат во ринг за освојување на титулата во машка и женска конкуренција. Меѓу 12 учесници, за гледачите најинтересна ќе биде шведската манекенка и актерка Викторија Силвештед (29), која е позната како поранешна алпска скијачка, но и како убавица која минатата година се “сплетка” со центарфорот на Интер, Кристијан “Бобо” Виери. За време на минатонеделната промоција, таа изјави: – Навистина не е лесно. По тренинзите заработив неколку гребаници, а еднаш “акнав” со главата во подот. Се тепавме како мачки и глувци. Интересно е што во јавноста проструи веста, дека Силвештед, но и другите учесници, со цел што подобро да се подготват за натпреварите, наводно, се воздржувале од секс. Во конкуренција за титулите се и атлетичарот Ајвон Томас, актуелниот британски рекордер на 400 метри, поранешната тенисерка Анабел Крофт, актерот Марк Банерман, пејачот на “Либерти Х”, Мајкл Хитон…