x

Тренерот на Леванте: Јас не знам за заминување на Барди, имам чувство дека ќе остане

Тренерот на Леванте, Пако Лопез за медиумите во Шпанија зборуваше за иднината, своја, но, и на играчите.

Конкретно за Барди, за кого има интерес од Арсенал, Лопез рече дека се надева дека Барди ќе остане.

„Јас не сум добил информација од управата дека има интерес за Барди. Но, и да е така, јас се надевам дека ќе остане во клубот. Тој, како и некои други играчи се под договор и се надевам дека ќе ги имаме и за следната сезона“, рече Лопез.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата