x

Тренерот на Вулверхемптон: Овој судија веќе нејќам да го видам!

nuno-espirito-santo

Гневен е тренерот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто по синоќешниот пораз од Барнли со 1:2. Ова беше шест пораз во тековниот шампионат, а Санто веднаш по мечот го обвини судијата Ли Мејсон дека бил катастрофа.

Сите натпревари кои ни ги суди Мејсон се исти. Тој мора да биде подобар. Се работи за тоа како тој ги води самите мечеви, не мислам тука на главните одлуки. Играчите на двете екипи постојано протестираат и го губат фокусот поради тие негови одлуки. Овиј судија веќе нејќам да го видам. Му реков дека се надевам дека веќе нема да суди на нашите натпревари. Едноставно нема квалитет да суди во Премиерлигата“ изјави по мечот Португалецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата