x

Тренерот Агире доби црвен картон во 94 минута – причината е бизарна

Тренерот на Леганес Хавиер Агире на синоќешниот меч против Барселона доби црвен картон во 94 минута. Причината е бизарна. Барселона оствари победа со резултат 2:0, а кога мечот беше во самиот финиш мексиканскиот стратег не можеше да чека и одлучи да ги земе работите во свои раце. Неколку секунди пред судијата да означи крај, Агире имитираше звук на свирче кој означува крај на  мечот.

Судијата Мартинез Мунуера му покажа црвен картон.

„Намерата била да ги збуни играчите, имитираше звук на свирче иако претходно беше предупреден на однесувањето“, напишал во извештајот судијата.

Агире нема да биде на клупата на Леганес на наредниот меч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата