Пејачот Дарко Лазиќ истакнал во новото интервју за една телевизија, дека и понатаму е должен. Имено, ако му се верува на зборт, неговите долгови порасналена милионипол.

– Не сум ги вратил сеуште долговите, пораснаа. Беа милион, сега се милиониполовина. Но добро, штом ќе почнам да работам, ќе ги вратам. Битно е главата да е на раменици – рекол Дарко и додал:

– Ако некои други должат, зошто и јас не би можел. Милионипол евра не се малку – рекол Лазиќ, додека водителката го прашала “се шегуваш“?

– Не се шегувам. Зошто треба другите да ги интересира дали јас должам или не? Дали сега треба некој поради тоа да ме убие? Се е за луѓето, јас сум најнормален човек. И да должам знам дека ќе ги вратам – заклучил пејачот.