Директорот на Управата за инспекциски работи на Сараевскиот кантон Фахир Халиловиќ изјави дека инспекторите биле на терен вчера поради гужвата во трговските центри за време на Црниот петок.

Според него, првиот инспектор вчера околу 11 часот пронашол 100 лица во холот на трговскиот центар „СЦЦ“ и веднаш ја повикал управата да преземе акција за почитување на хигиенските и епидемиолошките мерки, особено во врска со одржувањето на дистанца, односно бројот на лица кои можат да бидат во објектот, пишува порталот Глас српске.

Халиловиќ вели дека објектот веднаш бил испразнет, ​​и дека сите влезови во објектот, освен главниот, биле затворени по наредба на инспекторот.

На трговскиот центар му била изречена прекршочна глоба во износ од 3.500 КМ (близу 1.800 евра), 3.000 КМ како правно лице и 500 КМ како одговорно лице, односно како директор на центарот, бидејќи не почитувал наредба на Кризниот штаб, според која присуството на повеќе од 30 луѓе и на отворено и на затворено е забрането.

 Ќе продолжиме со активности во трговски центри. Можеме да пуштиме 30 луѓе, ако ја задоволува површината, но не може да има 100 луѓе во целата сала. А може да има само 30 од нив – изјави тој.

Вчера во целиот регион имаше и големи гужви, и покрај апелите на надлежните органи.