x

ТРГНУВА И НБА ЛИГАТА: 22 тима ја почнуваат битката во магичниот свет на „Дизни“

nba-sostanok

Вечерва половина час по полноќ во Орландо и официјално ќе продолжи сезоната во НБА лигата. Продолжението на сезоната 2019/2020 доаѓа со затворен модел на натпревари кои ќе се играат во „Дизни Ворлд“ во Орландо, каде кошаркарите се во еден вид карантин веќе неколку недели.

До крајот на сезоната останува да се одиграат вкупно 88 натпревари, во кои ќе бидат вклучени 22 тима. Од оние што се појавија во Орландо, има 89 кошаркари од стратнство кои преставуваат од 34 земји, вклучувајќи и рекордни осум НБА Ол-стар интернационалци, вклучувајќи ги и Адетукумбо (Милвоки Бакс, Грција), Лука Дончиќ (Далас, Словенија), Џоел Ембид (Филаделфија; Камерун), Руди Гобер (Јута; Франција), Никола Јокиќ (Денвер; Србија), Домантас Сабонис (Индијана; Литванија), Паскал Сиакам (Торонто; Камерун) и Бен Симонс (Филаделфија; Австралија) Секој од 22-та тима има барем по еден интернационалец, а Далас Маверикс има рекордни седум.

Најзастапени држави во завршницата на сезоната, освен САД, се Канада (15 играчи) и Франција (7 играчи), а следат Австралија, Германија и Србија (со по пет).

Вечерва првиот меч во вториот дел од сезоната ќе го одиграат Њу Орлеанс и Јута. Кај екипата на Њу Орлеанс неизвесен е настапот на Зајон Вилијамсон.

ВЕЧЕРВА:

00.30 Њу Орлеанс – Јута

03.00 ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс

УТРЕ:

20.30 Бруклин – Орландо

22.00 Портланд – Мемфис

22.00 Вашингтон – Феникс

00.30 Милвоки – Бостон

02.00 Сан Антонио – Сакраменто

03.00 Далас – Хјустон

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата