Трајно решение за Косово
Неопходно е колку што може побрзо да заврши процесот за утврдување на конечниот статус на Косово и да се најде трајно решение, се вели во извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун до Советот за безбедност на ОН. “По осум години привремена администрација на ОН, на Косово и на неговиот народ им е неопходна јасна иднина”, се вели во извештајот за работата на УНМИК.