x

Трајковски: Покажавме дека знаеме да играме европски ракомет

trajkovski

Е.Пелистер од Данска се враќа со измешани чувства. Сите се среќни дека одново играат ракомет, но истовремено тажни бидејќи не ја искористија шансата да освојат барем бод против ГОГ. Во последните две минути не го сопреа налетот на домашниот тим, кој не само што ја надполни негативата од два гола, на крајот славеше со 30-29.

Новата шанса за победа Жељко Бабиќ и неговите момци во групата Д ќе ја бараат против Кадетен на домашен терен (17.11).

Еден од најдобрите на теренот на овој меч беше Благојче Трајковски, запиша 11 интервенции, влезе во последните десет минути од првото полувреме, и ги држеше своите момци во игра. Сигурно ЕХФТВ ќе го смести и во Топ 5 листата на најдобри одбрани.

Вели дека се среќни што се вратија на теренот, но истовремено дека е тажен за пропуштената шанса.

„После осум месеци играме повторно ракомет, за наша среќа и задоволство европски ракомет, игравме пред публика, се надевам дека ќе продолжи вака и натаму ќе се игра ракомет.

По ждрепката беше јасно дека ќе биде израмента група, против ГОГ покажавме дека можеме и знаеме да играме европски ракомет. Данците скандинавците играат ист ракомет, трчаат не отстапуваат од договореното,ние пробавме да ја сопреме нивната брза игра на крајот не успеавме. Имавме два шута, еден за победа еден за нерешено, не ги погодивме, не успеавме да се одбраниме, последните три минути беа клучни“, анализира Трајковски.

Хемијата на теренот и покрај тоа што составот претрпе големи промени, а битолчани не одиграа голем број на мечеви е почитувањето меѓу играчите.

„Имаме многу нови играчи, имаме нов концепт на игра за разлика од претходните години, се чувствуваме добро, играме добро, тренираме добро, момците на терен живеат еден за друг, сите за еден, еден за сите, затоа делуваме така на теренот“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата