Репрезентативецот на Македонија и стандарден првотимец во дресот на Зулте Варегем, Александар Трајковски е најзаслужен за минималната победа која неговиот тим ја забележа во првенствениот дуел против екипата на Локерен.

Нашиот интернационалец го постигна единствениот погодок на натпреварот, а десет минути подоцна Трајковски изнуди удар од белата точка, но истиот не беше реализиран од неговиот тимски колега Троиси.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=iEg40-nImkY#t=12]

Со освоените три бода, Зулте Варегем најпосле побегна од дното на табелата и сега е на 11. позиција, додека репрезентативниот колега на Трајковски од редовите на Локерен, Бесард Абдурахими не беше во комбинација и за овој натпревар.