x

Траоре мисли дека не игра за Вулверхемптон затоа што одбил да потпише договор

adama-traore

Адама Траоре смета дека причините што не е првотимец на Вулверхемптон оваа сезона лежат во пропаднатите преговори меѓу него и челниците за продолжување на договорот. Минатата сезона Шпанецот беше клучен фудбалер на Вулверхемптон, а во новата сезона го загуби првотимскиот статус. Тој влегуваше од клупата на последните пет натпревари поминувајќи не повеќе од 30 минути на теренот.

Според „Сан“, минатиот месец Вулверхемптон преговарале со 24-годишниот фудбалер за продолжување на соработката но истите пропаднале поради разлики во финансиите. Фудбалерот не бил задоволен од понудената плата, па преговорите наишле на ќорсокак.

Двете страни одлучиле да ги одложат преговорите, а Траоре има важечки договор до 2023 година. Сепак, извор близок до играчот за „Сан“ вели дека Траоре верува дека токму тие несогласувања околу продолжување на соработката се причините што е изоставен од првиот тим и добива мала минутажа.

Од друга страна тренерот Нуно Еспирито Санто уверува дека Траоре е среќен на „Молину“ и дека оваа сезона едноставно решил да ги ротира фудбалерите затоа што има многу играчи кои се во одлична форма.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата