x

Трансфер во Албанија: Демир Имери промовиран во Влазнија!

img-14a9afd8d43b1328591019feacf0ef51-v

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Демир Имери (24),  од денеска е нов член на Влазнија Скадар, тим од елитната лига на Албанија. Иако Имери преговараше со неколку клубови од БиХ, во редовите на Зрински беше и на проба, сепак се одлучи да ја прифати понудата на тимот од Скадар, кој пред два месеци имаше големи финансиски проблеми, токму затоа од таму си замина и екс селекторот на Македонија, Мирсад Јонуз.

Инаку Имери е дете на Влазерими од Кичево потоа играше за Работнички, Шкендија, Ренова, Хоризонт Турново, важеше за доста перспективен фудбалер. Следуваше интернацонална кариера во Албанија, Финска, Малта а последен клуб му беше Олимпик Доњецк. За 24 години колку што има, Имери смени дури девет клубови, Влазнија ќе му биде десетти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата