x

Трансферот официјализиран – Шкендија го промовираше Дориев!!! (ВИДЕО)

Трансферот кој го најавуваше „Спортмедиа“ во последните неколку дена, денеска се официјализираше. Шкендија се „пофали“ со новото засилување Љупче Дориев.

Доаѓа од Академија Пандев, а пред два дена откривме дека сумата како обесштетување изнесува 70 илјади евра, за репрезентативецот денеска да биде промовиран во дресот на тетовските „црвено-црни“.

И покрај интересот од странски клубови, сепак, Дориев на крајот се реши да ја прифати понудата на Шкендија, со која ќе атакува на враќање на титулата следната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата