x

ТРАНСФЕРОТ КОМПЛЕТИРАН: Илирид Адеми во нападот на Шкупи!

Она што вчера го најави „СПОРТМЕДИА“ денеска доби и службена потврда. Нов играч на Шкупи е офанзивецот Илирид Адеми кој доаѓа во редовите на чаирчани откако му истече договорот со Ренова. Тој не прифати продолжување на соработката со „гипсарите“ и реши да побара нова средина, а му се допадна таа на Шкупи.

Тој ќе биде засилување за чаирчани за настапите во Лига Европа во август.

Адеми пред Ренова играше за Гостивар и Македонија ЃП.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата