Британската пратеничка Марија Милер, член на Конзервативната партија, ја обвини владата за несоодветниот однос кон прашањето на трансродовите пациенти, за кои таа тврди дека немаат пристап до некои основни здравствени услуги.

Милер, која исто така претседава со комисијата за жени и еднакви права, наведе и дека има многу мал напредок во спроведувањето на Законот за признавање на половите, со што на трансполовите лица им се дозволува да го променат полот во своите изводи.

Според едно истражување спроведено во 2018 година од страна на добротворната организација „Стоунвол“, две од пет трансродови лица рекле дека имале искуство со здравствен работник кој не ги разбирал нивните потреби.

Трансродовите лица во Британнија, исто така, се жалат и дека чекаат предолго пред да им биде обезбедена здравствена помош или овозможена операција за промена на полот, како и дека зголемениот број на трансродови лица кои бараат ваква опеација не се зема предвид.

Според „Амнести Интернешнал“, трансфобијата и предрасудите во медиумите во земјата придонеле за тоа Британија да падне на четвртото место во Европа во поглед на трансродовите права.

извор: Makfax