Многу медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп одликувал куче по име Конан, кое учествувало во убиството на водачот на т.н. Исламска држава, Ел Багдади, за подоцна да испадне дека веста е лага, а фотографијата – фотошопирана.

Американски херој – напишал Трамп под фотографијата на која се гледа медал околу вратот на германски овчар, по што следувале извештаи од медиумите за одликувањето.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер фотографија на која се гледа како му доделува медал на кучето Конан, кое учествувало во воената акција на САД во која загина лидерот на џихадистите.

Меѓутоа се покажа дека веста е лажна и дека фотографијата од одликувањето всушност е фотошопирана. Немало одликување, а ниту едно куче не било во резиденцијата на американскиот претседател, му потврдија од Белата куќа на известувачот на „Гласот на Америка“, Стив Херман.

Белата куќа исто така потврди дека фотографијата е фотошопирана.

Според „Њујорк тајмс“, оригиналната фотографија што ја преработил Трамп и ’припаѓа на агенцијата Асошиејтед прес од настаните во 2017 година кога Трамп го одликувал Џејмс Меклохан, ветеран во Виетнамската војна.

Меклохан тогаш е одликуван затоа што ги спасил животите на десет луѓе за време на војната.

извор: Makfax