Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека бил саркастичен кога предложил коронавирусот да се лечи со вбризгување на дезинфекциски средства во телата на болните, што предизвика лавина згрозувања и осуди во светот.

Но, се појави снимка која покажува дека тој лаже.

Трамп на прес-конференција во Белата куќа во четвртокот рекол дека би било интересно да се истражи дали може дезинфекциските средства да го убијат вирусот во организамот, исто како што го убиваат надвор.

Неговите зборови се упатени до докторката Дебора Брикс, која е координаторка на претседателската работна група за коронавирус, која како што може да се види на снимката, ни малку не доби впечаток дека се работи за сарказам, туку делува шокирано и се прави како да не го познава Трамп.

И американските медиуми напишаа дека ништо во тонот на Трамп, неговите гестови или говорот на телото, не упатува дека е саркастичен.

„Тоа беше саркастично прашање за новинарите како вас, само да видам што ќе се случи“ рекол Трамп на претставниците на медиумите на настан во Белата куќа.

Како последица на предлогот на Трамп, има зголемен број на затруени луѓе, кои се обиделе со дезинфекциски средства да го спречат коронавирусот да влезе во нивното тело.

извор: Makfax