„Едноставниот факт е дека овие избори сè уште не се завршени“, е официјалното соопштение од кампањата на Трамп, откако медиумите, врз основа на пребројаните резултати, го прогласија Џо Бајден за нов претседател на САД.

„Џо Бајден не е потврден како победник во ниту една држава. Од понеделник, нашиот штаб ќе започне со процесирање на нашиот случај на суд, за да се осигура дека законите се почитуваат во целост“, се вели во извештајот.

извор: Makfax