Американскиот претседателот Доналд Трамп изјави дека ја турка Администрацијата за храна и лекови за да ги елиминира бариерите за добивање лекови за коронавирус на пациентите.

Тој рече дека лекот што се користи како антималаричен  хидроксихлорокин koj ќе биде достапен скоро веднаш за лекување на коронавирус. Се работи за лек кој веќе се користи за лекување маларија и посочи дека треба да се тестира на болни од корона вирус КОВИД19.

„Долго време поминува во барање решение за состојбата, можеме да се обидеме со овој лек кој веќе постои и би можел да помогне а нема да убие никого“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.

„Ние мора да ја отстраниме секоја бариера или многу бариери што беа непотребни за да се најде решението, за да добиеме брзо распоредување на безбедни, ефикасни средства и лекови и сметаме дека имаме добри одговори“, рече Трамп.

Комесарот на ФДА, Стивен Хан внимателно ги следи забелешките на претседателот во врска со работата на неговиот тим за развој на лекови за коронавирусот.