Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Америка не ја одобрува ескалацијата на насилството меѓу Русија и Украина. ,,Не ни се допаѓа тоа што се случува на двете страни и се надеваме дека ќе се среди ситуацијата”, изјави Трамп, за првпат огласувајќи се по неделната блиска средба на руските и украинските бродови.

Неговиот коментар следеше неколку часа откако американската мабасадорка во Онединетите нации, Ники Хејли на седницата на Советот за безбедност ја повика Русија ,,веднаш да прекине со незаконските дејства во Црното море”.

Планирано е Трамп неделава да се состане со рускиот претседател Владимир Путин за време на Самитот Г20 во Аргентина.

извор: Makfax