Одбележување на американкиот празник Ден на благодарноста е завршено, а пртседателот Доналд Трамп се вратил на свој омилен начин да комуницира со јавноста – твитување и во една од пораките по прв пат изразил благодарност – на самиот себе.

“Толку е сјајно што цените на горивото паѓаат (ти благодарам претседателе Т). Додадете и тоа што имаме големо намалување на даноците, нашите добри економски вести. Инфлацијата е соборена (слушате ли вие во Фед (федерални резерви)” порачал Трамп на Твитер

Во друг твит за мигрантите од Централна Америка кои се движат кон американската граница, Трамп рекол дека би било “паметно кога Мексико би го стопирал Караванот многу порано пред да стигнат до јужната граница на САД или кога земјите од каде потекнуват да не ги пуштаат”.

Демократите го создадоа овој проблем. Нема преминување”, напишал Трамп.

Тој исто така ги искометирал и протестите во Париз предизвикани од одлуката на француската влада да ги зголеми таксите на горивото.

“Големите и насилни француски протести не го земаат во предвид тоа колку Европската унија лошо се однесува спрема САД кога е во прашање трговијата или кога се во прашање чесни и разумни уплати на име на нашата голема воена заштита. Двете тие теми мора наскоро да се исправат”, навел Трамп.