Познатиот американски милијардер Доналд Трамп сака да го купи црногорското Туристичко-угостителско претпријатие Улцињска ривиера, за што неодамна писмено е известено и МНР на Црна Гора. Во писмото тој образложува дека еден од неговите инвестициони фондови сака да гради ексклузивни комплекси: хотели, терени за голф, вилнес центри, хелиодром, мини марини и други луксузни содржини. Трамп е позебно заинтересиран за улцињските подрачја Велика Плажа и Ада Бојана.