Претседателот Доналд Трамп најави дека Соединетите Држави ќе испратат вишок медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари во Италија, но и во други европски земји за да им помогнат во борбата против новиот коронавирус.

Трамп на брифинг за коронавирус рече дека вчера разговарал на телефон со италијанскиот премиер Џузепе Конти.

Тој рече дека американските компании ќе го зголемат производството на респиратори, а вишокот ќе го испратат во Италија, Франција, Шпанија и други земји погодени од епидемијата.

Трамп повторно ги повика луѓето да останат дома, изјавувајќи дека најверојатно нема да прогласат строг карантин на национално ниво.

Мерките на ограничено движење, кои досега беа донесени на државно ниво, веќе опфатија повеќе од 70 проценти од Американците.

извор: Makfax