Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека престанал да пие лекови против корона вирусот.

Се очекува Трамп денеска да им се обрати на своите приврзаници од терасата на Белата куќа, а за в понеделник закажа митинг во Флорида.

Претходно беше соопштено дека втората дебата помеѓу Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата.

Виртуелното одржување на дебатата беше предложена поради тоа што Трамп се зарази со Ковид-19.