Американскиот претседател Доналд Трамп предложи билатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за да се разгледа се подлабоката политичка криза во Хонгконг.

Предлогот е упатен по неколкунеделните антивладини протести во поранешната британска колонија, која е посебен кинески административен регион. Протестите беа поттикнати од конторверзниот закон за екстрадиција на граѓани од Хонгконг кој би овозможил да им се суди во Кина, каде демонстрантите сметаат дека никогаш не би добиле правично судење.

Трамп е уверен дека кинеските власти можат да се справат со протестите брзо и хумано.

За него Си е голем лидер кој го почитува својот народ.

На „Твитер“ американскиот претседател, пак, објави дека Кина сака да се постигне договор, но дека треба да се однесува похумано со Хонгконг.

извор: Makfax