Претседателот на САД Доналд Трампп потпишал четири спогодби за намалување на цената на лековите на рецепти, пренесува Глас на Америка.

Во една од спогодбите се дозволува увоз на ефтини лекови од Канада и некои други земји, додека со втората се бара попустите кои произведувачите на лекови им ги даваат на дистребутерите, од сега да важат и за пациентите.

Трета спогодба се однесува намалување на цената на инсулин, а четвртата – која можеби и нема да биде применета ако не успеат разговорите со фармацевските куќи –Медикер бара цената на лековите во програмот на задравственото осигурување да биде исто како во другите земји, наведува Глас на Америка.

Претседателот на САД рекол дека претставниците на фармацевските куќи барале состанок во Белата куќа. “Ќе видеме како тоа ќе се одвива, ние сме подготвени да тргнеме со тоа“, рекла дирекоторката на програмата Медикер Сима Верма.

Американското здружување на фармацевските производители и истражувачи соопштило дека спогодбите на Трамп се “безобзирно свртување на внимание од пандемија на корона вирус.“

Трамп неколку пати повикал да се намали цената на лековите, но таков закон никогаш не бил усвоен од Конгресот.

Трамп најавил и нов предлог закон за здравствена заштита, се додава во Глас на Амерка.