Американскиот претседател, Доналд Трамп, му се закани на официјелен Пекинг со уште построга трговска војна доколку биде одново избран на оваа функција и предвиде пад на работните места и компаниите во Кина, притоа игнорирајќи ги приговорите на американските индустријалци кои ги чуствуваат последиците од неговата протекционистичка економска политика.

Тој ги предупреди кинеските власти против нивните обиди да добијат време до изборите во САД закажани за 2020 година во надеж дека тој нема повторно да биде избран.

„Замислете што ќе се случи со Кина ако победам“, напиша Трамп на „Твитер“.

„Условите на договорот ќе бидат многу построги“, се закани тој, откако во неделата стапија на сила новите зголемени царини за кинески производи во вредност од милијарди долари.

извор: Makfax